Кавадарци нема ниту еден случај на заразен од ХИВ СИДА
02-12-2013 РЕГИОН

Се одбележува неделата за борба против хив сида. Од 1 ви до 7 декември секоја година акцентот се става на овој проблем кој со активности се цели кон намалување, превенција или навремена интервенција.Кампањата за прв пат стартувала во 1988 година на 1 декември и од тогаш до денес агресивно води борба против хив сида.Кавадарци засега нема ниту еден случај на заразен од Хив сида, Македонија ги има вкупно 194 од кои нови во 2013 година се 25 случаи, 2 жени, 23 мажи и едно дете информира извршниот директор на Здружението на граѓани Зона Кавадарци кое во рамки на неделата и годинава традиционално спроведува низа активности.

 

Активно кампањата против хив сидата Зона ја води и надвор од оваа недела што значи преку текот на целата година, нагласува Деков.Здружението на граѓани Зона постојано на оваа тема дискутира преку трибини со средношколците, но има и лица кој доаѓаат за совети или било каква помош околу оваа тема вели извршниот директор.

 

Неделата за борба против хив сида календарски завршува на 7 ми декември.Борбата трае постојано, едукацијата и превенцијата се најважни не заборавајте на тоа, апелираат надлежните институции.

M.M



Share

Додади коментар