Кавадарци издвои 178.000 за побратимите од Бољевац и Горњи Милановац
20-05-2014 РЕГИОН

Советот на општината Кавадарци денеска ја одржа втората Вонредна седница на која беше усвоена Одлуката за издвојување на финансиски средства од Буџетот на општина Кавадарци за 2014 година, како помош за санирање на последиците од поплавите во Бољевац и Горњи Милановац- Република Србија.

Присутните советници едногласно и без дискусија ја усвоиа Одлуката со која Советот на општината издвојува финансиски средства во износ од 178.000 денари како помош за населенеието од општините Бољевац и Горњи Милановац. Овие пари ќе бидат префрлени на  жиро сметката на Црвен крст-Кавадарци со намена црвениот крст да изврши набавка на 32 палети односно 24.200 литри вода за пиење која потоа ќе се достави до збратимените српски општини.

Одлуката е во координација со надлежните од општините Бољевац и Горњи Милановац, од каде во телефонскиот контакт со нашата општина беше изразена благодарност до Советот, градоначалникот и граѓаните на општина Кавадарци за досегашната помош.



Share

Додади коментар