Кавадарци и Пантелеј потпишаа меморандум за соработка
16-02-2016 РЕГИОН

Општините Кавадарци и Пантелеј од Република Србија ја официјализираа досегашната соработка со меморандум за соработка. Претсатавници на српската општина беа гости во Кавадарци по повод празникот на лозарите и винарите Свети Трифун. По средбата со градоначалникот следуваше потпишувањето на меморандумот, а потоа во изјави за медиумите беше поздравена оваа соработка која ќе се продлабочува и се најави соработка и во делот на прекугранична соработка и искористување на средства од ИПА програмата.

 

„Општина Пантелеј  е една од петте градски општини во Ниш, која што има население од над 50 илјади жители, е нешто слична како локална самоуправа Кавадарци, ги направивме првичните разговори и сега повторно еве по нивна иницијатива на еден празник кој што и на Нишлии им е празник, Св. Трифун, и во оваа прилика сакам да им го честитам на сите Православни верници од градот Ниш, на овој голем празник заедно со Општина Пантелеј, тука ја потпишавме повелбата за побратимување и со тоа ги означиме сите можности за понатамошна културна, стопанска и секаква човечка соработка, а најмногу се надевам, како што предмалку споменав дека Србија како држава има отпочнато погранична соработка со Република Бугарија, односно Општина Пантелеј со Република Бугарија, межутоа неодамна на средбата со нашиот заменик министер за локална самоуправа беше истакнато и тоа имаме можност и ние како Македонија да соработуваме со Србија во делот на користењето на европските фондови и се надевам дека здружено, братски ќе можиме да настапиме заедно во некој од идните проекти бидејќи потребите и на Општина Пантелеј и на Општина Кавадарци се слични и да заедно црпиме нешто од европските фондови“ рече градоначалникот Панов.

 

-          „Пред се би сакал да кажам дека ми е навистина драго како човек кој е денес тука со вас на овој голем православен празник. Вашиот градоначалник кажа дека Св. Трифун е исто така и наш празник, исто и ние како една градска општина во Ни имаме традиција во производство на вино, па овој православен празник го користиме исто така да ја закроиме виновата лоза и затоа нашиот градоначалник не беше во можност да дојде, па не испрати нас од градската Општина Пантелеј да заедно со ва учествуваме во вашиот голем де , пред се да ви посакаме бериќетна и успешна годин во пр изводството на вино, добро здравје, и да сите сличности кои ги имаме со вас бидат спојка која ќе не внесе во идна соработк .

Денес го направивме првиот чекор, потпишавме меморандум за соработка, се надевам дека нашите министерства ќе го препознаат потенцијалот, и дека подоцна сето тоа ќе се претвори во вистински братски, не само меѓународен туку и меѓуградски, однос. Ја слушнав изјавата на вашиот градоначалник дека кажа дека Општина Пантелеј е една општина во составот на Градот Ниш, а не само тоа, туку напомена и за пограничната соработка, која е одлична со општини во Бугарија, и знам дека по новиот правилник на Европската Унија, и земји кои не се членки на Европската заедница, можат да учествуваат во овие проекти, како со помали така и со инфраструктурни проекти, кои се од големо значење и за Општина Пантелеј, а како што гледам и за Општина Кавадарци. Уште еднаш ви го честитам празникот и ви посакувам успешна и бериќетна година – рече Стеван Веселиновиќ претставник на општина Пантелеј.

А.Д



Share

Додади коментар