Кавадарци е домаќин на европско првенство во тенис
05-08-2015 РЕГИОН

Пријатно да се чувствуваат во Кавадарци и да победи најдобриот. Ова им го посака градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов на претставниците на делегацијата од Европското првенство во тенис, чии домаќин е Кавадарци.

„Морам да признаам дека ми е посебна  чест дека во Кавадџарци се одржува европско првенство во тенис во категорија на деца до 16 години. Се надевам дека од овој турнир и од сите идни кои ќе одржуваме со помош на Црна Река како клуб,  дека и од овие деца ќе има некој голем шампион. Најголемо задоволство ми е што наши, кавадаречки деца се занимаваат со тенис. На сите учесници од 16 земји да им поскам средечно добредојде, убаво да си поминат, да победи најдобриот“ рече Панов.

Задоволни од условите за одржување на ова натпреварување се и луѓето од Македонската тениска федерација.

“Овој турнир во Кавадарци е дел од проектот на Македонската тениска федерација и е  во состав на календарот за натпреварување на Тенис Европа. Ова година ние сме застапени со два турнири за деца до 14 години, и  три до 16 години, од кој  дел е и овој турнир во Кавадарци. Се одзва голем број натпреварувачи. Имаме 41 учесник момчиња и 24 девојчиња. Турнирот е до фаза на средина. Финалните натпревари се закажани за во петок и сабота“ изјави претставникот на Македонската тениска федерација.

Задоволен од текот на натпреварувањето е и организаторот, Црна Река.

„Сега за сега се одвиа се како што треба.Нема никаков проблем во организацијата. Играчите се задоволни од терените и претстојот во Кавадарци“ рече Лазар Мицев сопственик на Црна река и претседател на истоимениот клуб.

Ангел Данов



Share

Додади коментар