На два пункта во Кавадарци, еден во просториите на ОО на Црвен КРст и на градскиот плоштад, денеска се собираше хуманитарна помош за настраданите од поплавите во Скопје и тетовско.
„Сите хумани граѓани што сакаат да донираат храна и хигиенски средства, тоа може да го направат во нашите простории или на градскиот плоштад. Најпотребно во моментот, според информациите од терен е конзервирана и бебешка храна, средства за хигиена, вода за пиење, донации од облека ќе треба откако ќе се санираат штетите“ рече претседателот на ОО на Црвен Крст, Димитар Каракулев.
Тој информира дека собраните донации, ќе бидат однесени во магацинот на Црвениот крст на Република Македонија од каде волонтерите ќе ги распоредат според потребите на населението. Пунктовите работат од 8 до 16 часот.
Граѓаните можат да донираат и по сто денари на телефонскиот број 143-400.
Хуманоста повторно на дело уште во текот на вчерашниот ден ја покажа компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци, донирајќи 25.000 литри „Изворска“. Рано изутринава „ Кожувчанка“ повторно го испрати својот камион со нови 25.000 литри Изворска, како што велат од компанијата за барем малку им помогне и им го олесни секојдневието на луѓето погодени од природната непогода.
Од Црвен Крст дознаваме дека и други комапнии од Кавадарци најавиле донации во производи за помош на настраданите.
А.Д
Додади коментар