Со околу еден милион денари општина Кавадарци како домаќин ќе ја подржи Македонската кошаркарска федерација за организирање на квалификациските натпревари од сениорската машка репрезентација за учество на Европското првенство 2017 година.
Денеска градоначалникот Александар Панов и претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумовски го потпишаа договорот за соработка.
„На последната седница на совет донесовме одлука за подршка на Македонската кошаркарска федерација. Се работи за три натпревари кои што ќе бидат во август и септември. Еден од натпреварите со Унгарија ќе биде точно на 7 ми септември, денот на ослободувањето на Кавадарци. Тоа е причина повеќе да ние како локална самоуправа придонесеме кон оваа манифестација. Некако ги поделивме надлежностите и одговорностите со Македонската кошаркарска федерација. Локална самоуправа учествува и финансиски и со ослободување на спортската сала. Тука сигурно ќе учествува и бизнис секторот и регионалната стопанска комора, така што мислам дека имаме една визија и финансиска конструкција овој настан да помине како што треба. Како домаќини и град кој што е прв по економски развој во РМ ќе бидеме уште еден стимул нашите кошаркари да извојуваат три пообеди и со тоа да бидеме учесници на уште поголемо натпреварување на европско па и на квалификаци за светско првенство. Благодариме и на честа од претседателот Пеце Наумовски и КФМ што одлучија нас да ни ја доверат оваа организација“ рече градоначалникот Александар Панов.
На 31 август репрезентацијата на Македонија ќе игра против Луксембург, на денот на ослободување на Кавадарци, 7 септември ќе се одигра квалификацискиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Унгарија, додека на 14 септември Македонија ќе игра против Велика Британија.
На овие натпревари Македонската кошаркарска федерација ќе ја промовира општина Кавадарци во град-домаќин на Квалификациските натпревари, а за потребите на спортската сала Јасмин, со цел успешна реализација на натпреварите ќе отстапи 3 табли и обрачи, 20 баскети и ЛЕД панели за таблите.
„Благодарност од КФМ до општината до градоначалникот, совет што ја изгласа оваа соработка и верувам дека искуството кое што јас лично го имав пред 20 тина години каде нашата репрезентација ги играше квалификациите тогаш за Б селекција односно за влез во А селекција. Верувам дека денеска ќе биде уште поголема подршката и домаќинлакот што го има Кавадарци, ќе им значи многу на нашите играчи и ќе оствариме три победи на домашен терен кои што нема да ни бидат доволни за пласман на европското првенство а верувам дека и една до две утакмици ќе успееме да победиме и надвор“ рече Наумовски.
Ангел Данов
Додади коментар