Околу 1,5 милион денари ќе чини програмата за одбележување на новата година во Кавадарци, која беше усвоена од кавадаречкиот совет на последната седница. Oд вкупната сума, 800 илјади денари се предвидени за новогодишно украсување на градот.
Во програмата, која ќе ја реализира „Иноватива груп“ е предвидено дека во соработка со локалните културни институции и и општината, ќе се реализираат настани со различни тематики.
За декоративно уредување на градскиот плоштад, покрај украсувањето, ќе се изврши поставување и на монтажни куќарки, на кои ќе се претставуваат најразлични творби, во духот на празничниот период. За новогодишната ноќ е предвидена забава со локални бендови и ди-џеи како и спектакуларен огномет.
Советниците од опозицијата побараа и годинава поради ковид пандемијата, општината да не троши пари за новогодишна прослава, но и поради енергетската криза да не се украсува градот со новогодишни светилки.
Градоначалникот Митко Јанчев во својата дискусија посочи дека украсувањето е со штедливи светилки, кои имаат речиси незначителна потрошувачка на електрична енергија, но и дека граѓаните сакаат и организирана забава, бидејќи предолго се присутни проблемите од ковид пандемијата.
А.Д
Додади коментар