Верниците и свештенството на Повардарската Епархија денеска во Кавадарци го чествуваа верскиот празник Света преподобна маченичка Параскева-Петка“ чие име го носи новоизградениот храм. Бројни граѓани од Кавадарци и Тиквешијата присустуваа на чинот на водоосветување и лутургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г.Агатангел.
Новата црква „Света Петка“ е во завршна фаза. Луѓето од иницијативниот одбор за изградба на црквата како и митрополитот г.Агатангел искажаа огромно задоволство за досегашните достигнувања.
„Старите велат, оној што не праврел куќа не знае како е да се гради. Црковните храмови се убавина на душата. Окото може многу убави работи да гледа, но душата треба прво да го види Христа, а него ќе го види во овој храм. Благодарение на Фени и на директорот Даскалакис кој не поттикна да го изградиме овој храм но и ни покажа нас, кои живееме во Кавадарци и Макеоднија како треба да се сака црквата и да се љуби Господа. Сите работи до 18 октомври ќе бидат завршени и тогаш ќе ја осветиме црквата. Во име на сите што се вложија во изградбата на црквата ги покануваме верниците да присустуваат на таа духовна свеченост. Осветувањето ќе го изврши неговото блаженство, Архиепископопт на МПЦ, г.г Стефан“ рече г.Агатангел.
Ова црква во Кавадарци е една од најубавите цркви изградени во поново време во Македонија и истата е градена во традиционален византиски стил, од рачно клепан камен. Архитектурата , фрескоживописот и иконостасот се дело на најдобрите современи црковни уметници во целост запазувајќи ја средновековната македонска црковна традиција која е најубавиот архитектонски и уметнички период“, рече заменик генералниот директор на Фени индустри,Герасим Кујунџиев.
„ Да се заблагодарам на исте донатори и на владиката г. Агатангел, на неговите совети, насоки и неговата подршка и благослов што ни ги даде. И во секое најмало делче во црквата е вложено многу љубов, внимание, време, средства и знаење. Сигурен сум дека нашата црква Света Петка ќе биде вистински бисер и обележје на Кавадарци и граѓаните, храм за кој ќе се зборува и ќе го посетуваат илјадници верници од Македонија и регионот.
Претседателот на иницијативниот одбор и сопственик на Кожувчанка, Митко Јанчев ги покани верниците на 18 октомври да присуствуваат на големото осветување на новиот храм во Кавадарци.
„ Како координатор на цела оваа творба нормално дека имапе макотрпни работи но со божја милост и благослов од г. Агатангел и успеавме полесно да поминеме и да стигнеме до овој божји храм и до негово осветување.“ рече Јанчев.
Градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, им го честита празникот на кавадарчани и ги повика сите во свои можности да донираат и да помогнат во завршувањето0 на фрескоживописот на црквата.
„На 18 ти октомври е едно симболичното предавање на клучот и осветување на црквата, после 18-ти, се надевам дека ке имаме други предизвици и со благослов на црквата се надевам дека ќе ги пребродиме. Како резултат на благословот од митрополитот Агатангел градот и бизнис секторот оди напред и се надеваме дека сеуште бизнисот во Кавадарци сеуште ќе биде прв во Македонија“ - рече Панов
На водоосветувањето во новиот храм претходеше литургија во храмот Свети Димитрија, каде исто така присуствуваа голем број верници./
Aнгел Данов

Додади коментар