Кавадарци го празнува Свети Трифун
14-02-2020 РЕГИОН

Со благослов за богат род денеска симболично се закрои импровизираната лоза на градскиот плоштад во Кавадарци. На церемонијата на закројување присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, министерот за земјоделство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка Николче Бабовски и амбасадори на повеќе држави.

 

Градоначалникот Митко Јанчев упати честитка по повод празникот до сите лозари.

 

„  Ова е убав дена за Тиквешијата, ова е убав ден за нас кавадарчани. Во Кавадарци речиси да нема семејство кое не одлгедува винова лоза. Ова макотрпна работа е дел од нашата култура и нашето секојдневие. Кавадарчани секога ги пречекуваат своите гости со широка насмевка, чашка жолта ракија и чаша вино“ рече Јанчев.

 

Премиерот Спасовски во изјавата за медиумите нагласи дека и во наредниот период ќе продолжи поддршката кон производителите на грозје.

 

„Заедно се радуваме на почетокот на новата лозарска година. Заедно го славиме нашето македонско вино, нашиот бренд, по кој сме почитувани во светот. За да ги направиме нашите вина и винската индустрија уште по конкурентни во светски рамки преземавме обврска и да вложуваме во лозарството. Нашата долгорочна цел е сигурно производство и откуп на грозјето. Цената ќе ја формира пазарот, но владата ќе создава услови и амбиент за стопанисување. Решивме долгогодишен и наследен проблем што го имаа лозарите. Оваа влада го исплати долгото што Повардарие и Стефани и другите го имаа кон лозарите за производството за 2014 и 2016 година. Вкупно исплативме 100,5 милиони денари и исправивме една голема неправда што им беше нанесена на лозарите од овој регион“ вели Спасовски и посочи дека годинава кон лозарството како извозно ориентирана гранка ќе се исплаќаат 20% повисоки субвенции.

 

Гостите на денешната манифестација во Кавадарци ги посетија и штандовите на винариите кои беа поставени на градскиот плоштад, каде имаа можност да ги дегустираат производите од грозје.

 

На церемонијата на закројување претходеше и свечен прием во општинската зграда за бројните гости кои денеска дојдоа на заедничко празнување.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар