Општината Кавадарци спроведува активности за одржување и унапредување на системот за Јавно улично осветлување. Деновиве на повеќе локации во градот се изведуваше доградба на системот со нови столбови, сијалични места, како и замена и репарирање на постојното јавно осветлување - информираат од прес службата на општина Кавадарци.
Серизно засилување на јавното осветлување се спроведе на градскиот плоштад. Два нови дрвени столба и исто толку ЛЕД светилки се вградени како надоградба на мрежата на улицата „Методи Џунов-Џико“ споредна ново пробиена улица. Интервенција имаше и на локацијата на улицата „Пионерска“ пред влезот во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ каде се вградија три нови светилки. Зафат за вградување на еден столб и една светилка е извршен и на спојот на улицата „Методи Џунов-Џико“ со улицата „Киро Крстев“. Со ново јавно осветливање од 9 канделабри со лед светло се дополни паркингот кај социјалните згради.
Вакви зафати ќе се извршат и на јавното осветлување на улиците: „Борис Кидрич“, „Браќа Џунови“, ,,12 Другари“, „Диме Поп-Атанасов“, „Смаилица“ и на улицата „25 Мај“. Нови линии во мрежата ќе се изградат и на улицата „Шишка“ кај комплексот нови згради пред градскиот парк.
Сите овие активности на општината се во функција на подобрување на јавното улично осветлување, а најголемиот дел се на барање на граѓаните. Со вакви активности општината на основната улична мрежа од јавното осветлување дополнително вгради над 200 нови светлечки места.
Додади коментар