Кавадарци го доби првиот тренинг центар за боречки вештини
11-11-2013 СПОРТ
Кавадарци го доби првиот центар за боречки вештини.Од сега младите и сите кој сакаат да тренираат бокс, кик бокс, граплинг и ММА привилегијата ќе ја имаат да се дел од клубот Будо Македон.Првиот човек на клубот Александар Ристовски презадоволен што клубот доби свој дом во СС Јасмин и ги има сите услови за тренирање боречки вештини, потенцира дека уште поголемо е задоволството што во целост клубот ја затвара буџетската конструкција со самофинансирање.
По официјалниот старт што се случи во саботата Будо Македон од Кавадарци ја продолжува и соработката со побратениот тим на Будо од Велес, но сега клубот од Кавадраци најавува и самостојна екипа и турнир во боречки вештини.
Додади коментар