Кавадарци ги утврди приоритетните проекти за ИПА повикот
25-03-2015 РЕГИОН

Асфалтирање и поплочување на улици и  троатоари во селата Марена, Дреново, Ваташа, Сопот и Глишиќ, реконструкција и интервенција на локалните патишта за селата Раец, Дреново, Ресава и Рожден и замнена на 400 улични светилки со штедливи светилки  во селата Ваташа, Шивец, Возарци, Дрненово, Сопот, Марена, Ресава, Бегниште, Дабниште, Бохула, Чемерско, Крњево, Долна и Горна Бошава, Конопиште, Рожден, Мрежичко, Мајден, Раец, Фариш, Страгово, Граниково и Бојанчиште се приоритетните проекти кои со одлука на совет ги утврди општина Кавадарци.

Со овие проекти локалната самоуправа ќе аплицира на јавниот повик за користење на средства  од Европската Унија, ИПА грантот за рурална инфраструктура. Овие средства се доделуваат на единиците на локалната самоуправа, а се наменети за подобрување на нивото на општински услуги.

Овие три проекти општина Кавадарци ги избра по претходно одржана јавна расправа со претставници и членови на руралните месни заедници.

„Со реализација на овие проекти ќе се асфалтираат улици во селата Марена. Дреново и Ваташа, ќе се изврши поплочување на улици и тротоари во Сопот, Марена, Глишиќ  и Дреново. Со реконструкцијата и интервенцијата на локалните патишта со селата Раец, Дреново, Ресава и Рожден значително ќе се подобри инфраструктурата и ќе се олесни пристапот на жителите од овие села“ нагласуваат од локалната самоуправа.

Ангел Данов



Share

Додади коментар