Парите кои општина Кавадарци ги заштедува од воведувањето на штедливи уличлни светилки се реинвестираат во модернизација на мрежата за улично осветлување, поставување на столбови за нови улични светилки .
Анализата која ја изготвиле службите на општината покажаа дека сега во моментов во Кавадарци има 2700 светилки или 550 повеќе од претходно, пред да започне да се реализира новиот проект за улично осветлување. Кавадарци беше меѓу првите општини во земјава која започна да поставува штедливи светилки.
„Се покажа дека најголема придобивка од воведувањето на ЛЕД светилките е заштедата во пари. Претходно за да се постигне потребното ниво на осветленост од едно сијалично место, беше вградена светилка со моќност од најмалку 300 W(вати). За истата работа сега на еден столб е поставена ЛЕД светилка со моќност од 100 W, но со поглема ефикасност во интензитетот на емитуваната светлина и покриеноста на површината која ја осветлува. Поткрепа за ова е податокот што за броилата каде се регистрира потрожувачката на уличното осветлување, граѓаните односно општината, претходно плаќа најмалку 1.200.000 денари, а сега после воведувањето на ЛЕД светлото, висината на надоместокот по фактурата изнеува 500.000 денари. Заштедата од остварени 50% од Јавното осветлување се однесува на сите региструирани броила што ги плаќа општината, за улиците каде е извршена целосна замена на старите со нови штедливи светилки“ информираа од Службата за односи со јавноста при општината.
Од анализата на уличното осветлување се покажало дека сеуште постоеле проблеми особено во периферните делови од градот, бидејќи таму и најголемиот дел станбени објекти биле неплански градени.
Но анализата покажа дека во јавното улично осветлување сеуште постојат проблеми. Тие се најизразени во перифериата на градот, каде најголемиот дел од станбените објекти се градени неплански, а имаат проблеми со нефункционалноста во поставеноста и распоредот на столбовите со светилки за Јавно осветлување.
А.Д
Додади коментар