Електронската достава на документи од Основниот суд Кавадарци до странките веќе може да започне. Претседателот на судот, Зоран Јосифовски денеска на прес конференција го претстави системот зе електронска достава во парничната постапка.
Нагласи дека во овој момент системот функционира еднонасочно, односно само судот може да доставува документи до странките, а дека софтверот и за достава од странките до судот е завршен, тестиран и наскоро ќе бидел во функција.
„Сега вршиме анаимирање на јавноста за што помасовно да се регистрираат на системот. Разговаравме со адвокатската заедница, извршителите и нотарите. Веќе започнаа да пристигнуваат првите регистрации. Сметам дека локалната самоуправа и државните органи исто така треба да го дадат својот пример и да се ргистрираат на порталот edostava.sud.mk. Со електронската достава нема да има потреба од судски доставувачи. Ќе се намалат трошоците за печатење на сите тие списи кои се доставуват до странките, но за странките ќе остане обврската да доставуват до судот и печатени документи, за да може да им се дадат на спротивната страна.Имаме посигурна достава. Точно се знае кога актот е примен.“ рече Јосифовски и потенцира дека никој не треба да стравува околу безбедноста во електронската достава на документи, бидејќи неа ја гарантирал електронскиот сертификат.
Доколку се појавеле проблеми во заживувањето на овој процес дополнително ќе се утврдуваат и решаваат.
Ангел Данов

Додади коментар