Информациите за нивото на остварените приходи во буџетот и нивното користење, содржани во завршната сметка за минатата година ги разгледаа советниците во кавадаречкиот совет на последната седница. Завршната сметка беше усвоена со 13 гласа „за“ и 5 “против“, а ја образложи раководителот на секторот за финансии Цанка Јовановска.
“Вкупните остварени приходи во 2014 година изнесуваат 534.376.872 денари и се поголеми од вкупните расходи за 16.930.293 денари. Процентот на реализација на планираните приходи е 81,11 %. Даночните приходи се остварени на износ од 107.309.791 денари или 90,64% од планираното, неданочните приходи се остварени на износ од 38.331.596 денари или 84,83%, капиталните приходи се остварени в износ од 18.344.674 денари или 22,31%, додека приходите од трансфери и донации се релаизирани во износ од 370.390.811 денари или 89,69%“ рече Јовановска и додаде дека за периодот од 1 јануари до 31 декември минатата година вкупните расходи биле во износ од 517.446.580 деари или 78,55% во однос на планирањата.
А.Д

Додади коментар