Програмите за работа на основните и средните училишта во учебната 2014/15 и извештаите за сработеното во изминатата учебна година денеска се најдоа пред советниците во рамки на редовната 21 седница. Едногасно беа подржани сите програми и извештаи освен на ООУ „Страшо Пинџур. Извештајот помина со 13 гласа за и 6 воздржани, а програмата за работа со 18 за и 1 воздржан.
На денешната седница и советниците од власта и од опозицијата беа едногласни дека на Кавадарци во најкраток рок му е потребна нова градинка бидејќи во моментов во градинката „Рада Поцева се згрижуваат 100 отсто повеќе деца од капацитетот. Беше речено дека советот и градоначалникот треба да се заложат за решавање на проблемот, прво привремено, а потоа и трајно. Ќе се бара донација за да се стави во фнкција градинката во Ваташа, а за изградба на нова се чека одговор за одобрување на поднесениот проект.
Едногласно беа усвоени измените на програмата за уредување наградежно земјиште. Советникот ГОран Белевски забележа дека годинава во општината сме имале многу слаба комунална изградба. На ова советникот Зоран Јованчев рече дека сепак имало комунална изградба и посочи неколку проекти. Рече дека била асфалтирана улицата Гоце Делчев, изграден патот до село Бегниште и асфалтирано игралиштето во ооу „Гоце Делчев“.
Без дискусија, едногласно советот ја подржа прогрмата за работа на зимската служба која ќе има задача да ги одржува улиците и локалните патишта претстојната зима. Едногласно и без дуискусии поминаа и неколку одлуки од областа на урбанизмот, а се донесе одлука за измнеи и доиполнувања на одлуката за плаќање надоместок за учество на есенскиот панаѓур. Со одлука на советот есенскиот панаѓур ќе се одржува вториот викенд од месец октомври секоја година. Беа донесени неколку одлуки за доделување на финансиски средтва од буџетот, а се разгледуваше и беше усвоен извештајот за работењето на ЈП Комуналец во периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава. Се усвои правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места и работни задачи водетската градинка „Рада Поцева, и правилникот за упис на деца во градинката .
Ангел Данов
Додади коментар