Кавадаречкиот совет денеска едногалсно, во рамки на 18 тата седница по деведесет минути расправа, донесе одлука да отпочне постапка за избор на приватен партнер за градскиот базен, една од покрупните одлуки што ги има донесено овој состав на советот. По предлог на градоначлалникот Александар Панов во комисијата која ќе работи на оваа постапка ќе има по еден претставник од советниците од власта и од опозицијата. Сите дискусии на советниците беа во насока да се утврдат најдомаќински услови при изборот на партнер кој ќе го добие градскиот базен и ќе инвестира во негова реконструкција.
Едногласно беа усвоени и измените на програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на општина Кавадарци и на програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственоњст на република Македонија на подрачјето на општината.
Подолга расправа предизвика и одлуката за определување на цените за услуги кои ги издава ЈП „Јасмин“ на градскиот базен. Опозицијата се интересираше дали има градежни активности во овој момент на градскиот базен, и кои пропратни делови од комплексот градски базен се предмет на оваа одлука, која беше едногласно прифатерна, но со препорака до управниот одбор на ЈП „Јасмин“ да изврши прецизирање на предложената одлука. Истата ќе стапи во сила откако ќе бидат направени измените.
Едногласно беше прифатена и одлуката од управниот одобр на ЈП „Комуналец“ за измени во финансискиот план за 2014 на претпријатието. Измените се направија во делот на трошоците за потрошени суровини и материјали во вкупен износ од 700 илјади денари, а се згоелми трошокот за регрес за годишен одмор на вработените во износ од 1.960.000 денари и трошок за персонален данок во износ од 218.000 деанри.
На денешната седница беше прифатена и одлуката со која се врши измена на висината ба цените за собирање и транспортирање на комунален отпад од 8 февруари 2010 година и од 30 мај 2011. Беше прифатен предлогот на ЈП Комуналец како давател на комунални услуги, 13%’ од износот кој претпријатието им го фактуирира на корисниците за износ на смет месечно, да се надоместува за створениот трошок кој го има претпријатието за изградба, одржување и користење на зелени површини. Со овие измени ќе дојде до намалување на расходите на буџетот на општина Кавадарци , а исто така ќе се спречи дополнително оптеретување на буџетот на граѓаните, бидејќи таа сума во повеќе градови им се пресметува на граѓаните, се наведува во образложението на ваквата одлука.
Едногласно беше прифатена и програмата за стопанско туристичката манифестација Тиквешки гроздобер, манифестација која годинава ќе се одржува на 5, 6 и 7 септември. Сеуште не е утврдено кој ќе ги забавува кавадарчани и гостите кои ќе дојдат за гроздоберот. Организаторот прави напори и годинава да има атрактивни музички гости. Програмата ќе се покрие со 2 милиони денари од буџетот на општината, а останатиот дел за покривање на музичките ѕвезди ќе биде од донации кои ќе бидат собрани од винарските визби и од бизнис секторот во општината.
Членовите на Советот на општината усвоија и едногласна одлука со која се одобри финансиска подршка за рок составот „Смоук шејкерс“ од Кавадарци за учество на најстариот и нареномиран рок фестивал во овој дел на Европа, а тоа е гитаријадата во Заечар Република Србија. Во образложението советниците ја поддржаа ова одлука на градоначалникот како прадлагач, со напомена дека тоа треба да биде пракса и во иднина, особено кога се знае дека овој млад рок состав е еден од најнадежните и најквалитетни бендови од Македонија кои се меѓу врвните пет од југоисточна Европа.
Советот одобри и сума од 1.000.000 денари како донација во изградбата на соборниот храм Св „Петка“ во Кавадарци. Овие средства се наменети за финансирање на фрескоживописот. Оваа донација ќе помогне во живописње на новата црква, а како поткрепа на Советот и општината во негувањето на македонската црковна традиција.
На крајот од седницата секој член на советот имаше право на поставување 3 советнички прашања на кои во најголем дел добиа усмен одговор оа градоначалникот Александар Панов.
Ангел Данов

Додади коментар