Советот на општина Кавадарци на денешната редовна 16 та седница едногласно ги утврди годинашните добитници на наградата 7 ми септември што се доделува по повод денот на ослободувањето. Годинава оваа општинско признание го добиваат
-Јордан Бањански добива награда во областа на културата.
-Ѓорѓи Вареловски во областа на хуманизам.
-Марјан Димитров - во областа на новинарството.
-Марјан Кицев - во областа на науката и публицистиката.
-Благој Наумов - постхумно за постигнување во стопанството.
Наградата ќе биде доделена на свечена седница на советот на 7 септември.
На денешната седница беше верификуван мандатот на советникот Александар Мукаетов од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој доаѓа на местото на советничката Ратка Росомански од истата коалиција, која е именувана за директор на СОЗШУ„Ѓорче Петров“ Кавадарци.
Советот ги усвои и измените и дополнувањата на одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со запишано прваче во учебната 2022/23 година, едногласно помина и одлуката за одобрување финансиски средства од буџетот на општината за штети настанати од поплави.
Со одлука на советот се продолжува работното време на угостителските објекти во општина Кавадарци за време на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ а по иницијатива на советникот Круме Богев, општината писмено ќе се обрати до надлежното министерство и ќе побара и останатите трговци да можат да работат во недела додека се одржува ТИквешкиот гроздобер.
На денешната седница пред советот се најдоа и годишните програми за работа на основните училишта и на детската градинка „Рада Поцева“.
Се разгледуваа извештаите за работењето на ЈП „Јасмин“ и ЈП „Паркинг“.
A.Д

Додади коментар