Утре ќе заседава советот на општина Кавадарци. Ќе ја одржи шестата редовна седница, а пред советниците се наоѓа дневен ред со триесетина извештаи, програми и одлуки.
Ќе се разгледува кварталниот извештај за извршувањето на општинскиот буџет во четвртиот квартал од минатата година, програмата за активностите на општината во областа млади и спорт за 2022 година како и измените и дополнувањата на програмите за локален економски развој и за изработка и донесување на урбанистички планови.
Пред советниците е и одлуката за уредување и опремување на детски игралишта, програмата за активностите на општина Кавадарци во промоција на комуникација со јавноста во тековната година. Ќе се именуваат членови во управниот и надзорниот одбор на ЈП „Јасмин“ .
Ќе се разгледуваат извештаите за реализацијата на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта во општината минатата година, за реализација на програмата за новата година и извештајот за работењето на општинскиот совет за превенција против малолетничка деликвенција.
На дневен ред се и информации за работењето на ЈП Комуналец.
А.Д
Додади коментар