Кавадаречкиот совет утре ќе ја одржи 51-та редовна седница
28-01-2021 РЕГИОН

Преку видео конференциска врска, поради состојбата со корона вирусот,  кавадаречкиот совет утре ќе ја одржи редовната 51 седница. Пред советниците е обемен дневен ред од околу 60 точки, а меѓу нив е и кварталниот извештај за извршување на буџетот во четвртиот квартал од минатата година.

 

Советот ќе одлучува и по предложените одлуки за утврдување на изгледот на фасади на колективни станбени објекти на подрачјето на општина Кавадарци и за ко-финансирање на проект  за реконструкција на водоводната линија за краци од улицата „Илинденска“, крак на улица „Маршал Тито“ како и за предлог регионалниот проект за инсталирање на мерни станици.

 

Пред советниците се извештаите за реализацијата на повеќе програми од минатата година и повеќе предлог одлуки.

 

А.Д



Share

Додади коментар