Советот на општина Кавадарци утре ќе одлучува по предложениот ребаланс на буџетот, а советниците ќе го разгледуваат и кварталниот извештај за извршувањето на општинскиот буџет во третиот квартал од годината.
38 та седница е закажана за утре со почеток од 12 часот, а покрај финансиските документи советот ќе ги разгледува и предложениот план на програмите за развој и измените на програмата за уредување на градежно земјиште.
Пред советот е и одлуката за поништување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за давање на услуги за паркирање и одржување на јавниот паркинг простор во општина Кавадарци.
Ќе се разгледува работењето на ЈП „Јасмин“ преку извештајот за првото полугодие од 2015 година, стратегијата за локален економски развој на општината во периодот од 2015 до 2020 година, стратегијата за управување со ризици на општината, треба да се формира и комисија која ќе врши процена на настанати штети од природни непогоди и други несреќи.
На дневен ред на 38-та седница се и неколку урбанистички документи и одлуки за одобрување на финансиски средства од буџетот на општината.
Ангел Данов
Додади коментар