Едногласно советот на општина Кавадарци го усвои кварталниот извештај за извршување на буџетот во третиот квартал од годината и програмата за одржување на локалните улици и патишта во зимски услови.
Советничката Божанка Минов во својата дискусија рече дека даночните приходи имаат добра реализација од 67%. Забележа по слаба реализација кај капиталните проекти.
Градоначалникот Митко Јанчев во врска со извештајот нагласи дека буџетот се реализира во исклучително тешка година поради корона кризата.
„За дезинфекција не се трошени буџетски средства. Сите вработени во општинската администрација и институции дадоа сопствен придонес во истата. До крај на годината очекувам добар проект од капиталните проекти да бидат реализирани“ рече Јанчев.
На денешната седница советот ги усвои измените и дополнувањата на статутот, беше усвоена урбанистичка документација, а едногласна поддршка доби и проектот за хортикулурно уредување на споменикот на Ќиро Крстев и Димче Мирчев.
Беше усвоен и извештајот за работењето на ЈП Паркинг, решението за именување на членови во управниот одбор на детската градинка „Рада Поцева“ и измените на годишниот план за вработување на локалниот музеј галерија Кавадарци.
Градоначалникот Јанчев информираше околу заемот за изградба на мини хидро централа. Кажа дека истиот ќе биде во висина од 22 милиони денари и ќе се отплаќа 4 години.
Ангел Данов
Додади коментар