Советот на општина Кавадарци денеска ја одржа редовната 19-та седница на која меѓу точките на дневен ред беа кварталниот извештај за извршувањето на буџетот за вториот квартал, одлуката за доделување на седмосептемвриска награда и одлуката за именување на улици во град Кавадарци. На самиот старт на седницата дојде до несогласување меѓу советниците од опозицијата и власта. Ги раскара точката за именување на улици, бидејќи пред седницата било договорено истата да се повлече. Бидејќи истата сепак беше дел од дневниот ред, а според опозицијата тоа било против деловнички и против статутарно демонстративно ја напуштија седницата.
„Денеска на седницата на советот на општина Кавадарци советниците од власта промовираа самоволие протнувајчќи ја на сила точката за именување на улици во Кавадарци. Надвор од законот кршејќи го и деловникот и статутот на општионата на иста седница се формира нова комисија без да се рзазреши претходната комисија чиј мандат не е определен со одлуката за формирање на та комиија. Ние од опозицијата не сме против именувањето на улиците но сме на страната на почитување на процедурите. Сакаме да ја искористиме оваа прилика и да го прашаме градоначазошто градоначалникот бега од седница на советот каде има многу битни точки како одлиуката за именување наулици и изветајот за финансиското работење во првите 6 месеци, сигурно градоначалникот е презафатен со неговите приватни бизниси“ рече на прес конференција Горан Белевски, советник од СДСМ.
Претседателката на советот, Горица Пеливанова-Вилхелм исто така на прес конференција ја обвини опозицијата дека работи во интерес на политички поени наместо во интерес на граѓаните.
„Денеска опозицијата со напуштањето на седницата покажа целосна неодговорност за потребите на граѓаните. Нивниот гест е целосно неоправдан, бидејќи намерно се пролонгира решавањето на егзестинционалното прашање на граѓаните да добијат име на улицит каде живеат а тоа е поврзано со нивните основни човекови потреби. Уште еднаш покажаа дека им давбаат приоритет на нивните партиски интереси собирајќи ситни политички поени на шптета на граѓаните на општина Кавадарци“ рече Пеливанова-Вилхелм.
Советникот од СДСМ, Сашко Петров прес конференцијата ја искористи да постави неколку прашања до градоначалникот во врска со проблемот со водоснабдување кое го имале жителите на селата Бојанчиште и Куманичево.
„ Мешатаните на село Бојанчиште и село Куманичево веќе две недели се без вода за пиење. Во посета на мештани. Мештаните сакат одговор зошто се исклучени од водовоната мрежа до кога ќе трае и дали градоначалникот ќе ги посети.“ рече Петров.
По прес конференциите советот продолжи со работа без опозицијата. Без дискусија беше усвоен кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општината во вториот квартал во чие образложение се наведува дека остварувањето на вкупните приходи по сите основи за првите шест месеци од годината е во износ од 256.493.716 денари или 37,48% во однос на планираното.
Советот едногласно ја даде подршката за тројцата кандидати што ја добија подршката од комисијата за празници и манифестации за доделување на седмосептемвриска награда- највисоко општинско признание што Кавадарци го доделува на свои сограѓани кои дале особен придонес во неговата афирмација во земјава и надвор. Годинава таа чест, да бидат наградени, според олуката на советниците ја имаа радио водителот Душко Стефанов, инспекторот по превенција и претседател на ОО на Црвен Крст Кавадарци, Диме Каракулев и постхумно Тодор Белевски, спонзор на женскиот кошаркарски клуб „Тиквеш Флорида“ најтрофејниот клуб во историјата на Кавадарци.
Без дискусии беа усвоени одлуки кои се однесуваат на урбанизмот, одлука за измена и дополнување на одлуката за висината на цените за собирање и транспортирање на комунален отпад и информацијата за состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за првото полугодие од 2014 година.
Одлуката за преименување на градскиот плоштад од „Маршал Тито“ во „Филип пети’ предлагачот ја повлече со што им се остава на граѓаните да го кажат своето мислење кое е најсоодветно име што треба да го добие центарот на Кавадарци.
По формирањето на комисија, едногласно помина одлуката за определување на имиња на улици во град Кавадарци. Исто така беше донесено решение за именување на членови и заменици од редовите на советот во комисијата за спроведување на постапка за избор на приватен партнер за доделување на договор за јавно приватно партнерство за реконструкција и изградба на затворен олимписки базен.
Ангел Данов

Додади коментар