Кавадаречкиот совет го усови ребалансот на буџетот
16-07-2021 РЕГИОН

Со 15 гласа „За“ и 4 „против советот на општина Кавадарци денеска го усвои ребалансот на буџетот. Ребалансот, како во приходниот, така и во расходниот дел на буџетот претрпе зголемување во износ од 47.466.000 денари и сега е сведен на ниво од 1.256.679.000 денари.

 

Советничката Божанка Минова предложи зголемување на средствата во ставката за здравствена заштита за дополнителен 1 милион денари, за доколку дојде до нов ковид бран да има буџетски средства за делување.

 

На денешната седница едногласно беа донесени одлуки за реконструкција на „Западен булевар“ и „Дисанска“ и овие проекти се назначени како приоритетни . Беа донесени неколку  одлуки за финансиска помош во лекување,  на граѓани кои доставиле барање до општината.

 

Едногласно беше донесен годишниот план за вработување во ЈП Комуналец за 2022 година и во Домот на културата „Иван Мазов Климе“. Без дискуии беше усвоен извештајот за работа на ОВР Кавадарци за првиот квартал и наративниот за работа на установата од областа на културата „Јадро “ Кавадарци. Советот донесе одлука и за прифаќање на донација од компанијата „Кожувчанка“ која се состои од сообраќајни столбови.

 

A.Д



Share

Додади коментар