Со 19 гласа „За“, едногласно советот на општина Кавадарци, во рамки на 54 седница која сеуште е во тек, преку видео конференциска врска, го усвои ребалансто на буџетот.
Од одделението за финансии при општината во образложението за ребаланс велат дека потребата од усогласување на комуналната програма и другите програми во основниот буџет,потребата од пренамена на одередени позиции во наменските дотации и планирање на пренесениот вишок на приходи и потребата од пренамена на одередени позиции во самофинансирачките активности во институциите финансирани од Општинскиот буџет, како и усогласувањето на пооделни ставки во Буџетот на донации, предизвика потреба од Измени и дополнувања на Буџетот - Ребаланс.
Ребалансот како во приходниот дел на Буџетот така и во расходниот дел претрпи зголемување во износ од 37.514.000 денари, со што Буџетот како во приходниот така и во расходниот дел се сведе на ниво од 1.204.733.000 денари.
Едногласно беа усвоени и измените на програмата за поставување на урбана опрама. Градоначалникот Митко Јанчев ги повика сите заинтересирани граѓани кои сакаат да постават урбана опрема на јавни површини, пред се на велосипедско пешачката патека, да се обратат во општината и да ги погледнат ценовниците. Јавните површини ќе се користат од април-мај до почетокот на зимата.
На денешната седница едногласно советот донесе одлука за 50% намалување на надоместокот за кафетерии и други објекти кои користат јавна површина под закуп.
Надомест на штета поради градежните активности на пазарот, а со тоа и неможноста да работат, ќе добијат сопствениците на објекти во непосредна близина на пазарот. Градоначалникот појасни дека по направениот увид ос страна на општинска комисија, обесштетувањето ќе биде со сума од по 600 денари по м2 месечно за кирија.
Советот на денешната седница донесе одлука за основање на доброволно против пожарно друштво кое ќе го носи името Сашко Гешовски. Како што појасни градоначалникот, во друштвото ќе се членува доброволно, а членовите ќе помагаат во случај на елементарни непогоди, под командна одговорност на против пожарната единица. Овие волонтери ќе имаат обуки од страна на ТППЕ Кавадарци, а претседател на друштвото ќе биде актуелниот командир на кавадаречката противпожарна единица Александар Чадамов. Јавна презентација на друштвото ќе има на 6 мај, денот на загинување на Сашко Гешовски.
Советот ја прифати одлуката на управниот одобр на ЈП Комуналец да се донираат 100 илјади денари за ГФК „Тиквеш“. Градоначалникот Јанчев информира дека од 1 мај годинава вработените, до ниво техничар ќе добијат повисоки плати за 10 %. „Покачување нема да добијат раководителите и административците“ рече Јанчев.
А.Д

Додади коментар