Остварувањето на вкупните приходи по сите основи за периодот од 1 јануари до 30 септември годинава е 55,08% или 376.942.255 денари во однос на планираните 684.375.000 денари- стои во образложението на кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Кавадарци за третиот квартал од оваа година, кој вчера беше усвоен во рамки на дваесет и третата редовна седница на советот.
Остварувањето на редовните буџетски приходи изнесува 135.541.413 денари во однос на планираните 330 милини денари или 41,07%. Приходите од наменски дотации изнесуваат 223.125.692 денари или 70,62% во однос на планираното. Од самофинансирачки активности остварени се 16.754.029 денари или 61,74% од плановите. Од донации пак во буџетот се слеале 1.521.121 денари во однос на планираните 11 милиони и 249 илјади денари или 13,52 денари.
За извештајниот период расходите изнесуваат 367.921.200 денари или 53,76% во однос на планираното.
Буџетот на општина Кавадарци за 2014 година е димензиониран на износ од 684.375.000 денари.
А.Д

Додади коментар