Кавадаречката полиција го одбележа 7 ми мај
07-05-2014 РЕГИОН

7 ми мај денот на македонската Полиција денеска свечено беше одбележан во ПС од ОН Кавадарци. На свеченоста заедно со полициските работници беа градоначалникот Александар Панов, пратеникот во републичкото собрание Весна Пемова, претставници на ЛС, директори на повеќе институции, како и претставници на фирми од градот. Присутните ги поздрави помошник командирот Миле Трајков кој зборуваше за безбедносната состојба, работата на Полицијата и надлежностите на кој бил ставен акцентот изминатите неколку месеци.

 

За  успешна работата на кавадерчката полиција ја оцени и градоначалникот Александар Панов , но бидејќи секогаш може повеќе Панов вели неготите и залагањата на командирот ќе бидат во иднина успесите да бидат уште по големи.

 

На денешната прослава во кавадаречката Полиција со пригодна награда свечено беше испратена во пензија Виолета Јовиќ, полициски работник на кој последниот работен ден му истекува токму денес на 7 ми мај.Пехар му беше доделен на капитенот на екипата на ПС од ОН Кавадарци која вчера на турнирот во мал фудбал го освои првото место, а пригодни награди добија второпласираната екипа резервисти на МВР Неготино и третопласираната од ПС од ОН Неготино.

М.М



Share

Додади коментар