Кабинет на градоначалник: Чистењето на коритото на Луда Мара е донација од фирмата ЈА-МИ
09-11-2017 РЕГИОН

 

(известување од кабинет на градоначалник Кавадарци - интегрално)

Во понеделникот започна акција за чистење на кејот на реката Луда Мара. Оваа акција е од големо значење за населението близу кејот, како и за целиот град. Дивите депонии се чистат со тешка механизација поради наталоженоста на овој проблем.

 

Оваа акција е донација од ЈП Комуналец и ЈА-МИ сестра фирма на Кожувчанка. Комуналец учествува со булдужер а ЈА-МИ учествува со багер и два кипери за износ на ѓубрето. Оваа акција, односно чистењето на кејот ќе трае се додека не се исчисти просторот се до зградите Силекс - стои во писменото известување до јавноста од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

 



Share

Додади коментар