Истекува рокот за склучување договори за откуп или закуп на државните станови. Утре е последниот ден во кој сегашните корисници треба да одлучат дали ќе го задржат станот. Од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор велат дека тие што нема да побараат продолжување на договор ќе мора да се иселат..
Цените за откуп и закуп на државните станови зависи од личните примања на семејството. Така најмногу ќе плаќаат оние со примања над 50 илјади денари. За овие семејства, месечната закупнина ќе изнесува 195 денари за квадратен метар. Според овој ценовник за стан од 50-тина квадрати, месечно семејството ќе треба да плати кирија од околу 150 евра..
Цената за откуп пак се движи од 570 до 610 евра за метар квадратен.. Од акционерското друштво за станбен простор велат дека најголем дел од корисницните на државни станови во велес се одлучиле да плаќаат месечна закупнина..
Во Велес има 164 станови - 20 се општествени а 144 се за семејства со ниски примања.. Во нив корисниците се вселија пред осум години.
Зоран Јаневски

Додади коментар