Исплатено обесштетувањето на земјоделците од пролетниот мраз во 2021
09-03-2023 РЕГИОН

Општина Кавадарци денес ги исплати обезбедените средства во висина од 5.139.737 денари, на околу 100 оштетени земјоделци, физички и правни лица, кои аплицираа за обесштетување и беше  направена  проценка на штета на нивните насади - информираа денеска од општинската прес служба.

 

Овие земјоделци  во месец април 2021 година, односно 08, 09 и 10 април подрачјето на Општина Кавадарци со населените места Ваташа, Возарци, Марена, Гарниково, Глишиќ, Сопот, Шивец, Бошава, Дреново, Ресава и Раец, го зафати елементарна непогода предизвикана од дејство на пролетните ниски температури проследени со мраз и слана кои предизвикаа штета од мрзнење на повеќе видови земјоделски култури.



Share

Додади коментар