Исплатени субвенциите за одржување овошни насади
29-04-2021 МАКЕДОНИЈА
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ги исплати субвенциите за оддржување на овошни насади.
Исплатени се вкупно 411.690.721 денари на сметките на 9.738 лица Извршена е целосна, неселективна исплата на сите овоштари кои се корисници на програмата за директни плаќања.
Агенцијата продолжува со обработка на барањата за субвенции и со активната финансиска поддршка на македонскиот агро – сектор – информира директорот на Агенцијата Никица Бачовски.

Додади коментар