Исплатени субвенциите за лозарите
03-02-2020 РЕГИОН

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 15.784 субјекти исплати 582.841.911,00  милиони денари за одгледувачите на лозови насади.

Станува збор за исплата по мерката 1.11 Директни плаќања за оддржување на лозови насади. Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 хектари лозови насади и кои се регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанстава.

 

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството“ за 2019 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.


Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почеток на новата реколта.



Share

Додади коментар