Исплатени субвенции за ориз и млеко, следува исплата во наредниот период и на дополнителни субвенции за други култури

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, вчера и денеска исплати вкупно околу 195 милиони денари субвенции за ориз и млеко.

 

Од оваа сума 153,4 милиони денари се за редовната субвенција за предадено кравјо, овчо и козјо млеко на 6.742 сточари и 41,4 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа на 1.130 земјоделци.

 

Во следниот период ќе следува исплатата на дополнителните мерки за субвенции за површини со поледелски, градинарски култури, лозови и овошни насади, за грла добиток, за предадени градинарски култури, за домати, за откупена пченица, за предадени јаболка и за заклани свињи поради превенција од болеста африканска свинска чума.

 

Од јуни 2017 до сега се исплатени 314,5 милиони евра за субвенции за Програмата за земјоделство и рурален развој. Во оваа сума спаѓаат тековните исплати, но и заостанати исплати по основ на наследени долгови од претходни години- информираа од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

 



Share

Додади коментар