Исплатени 254 милиони денари за субвенции

Министерството за финансии денеска соопшти дека исплатиле 254 милиони денари, или 4,1 милиони евра за субвенции за повеќе земјоделски гранки.

„Исплатени се 85 милиони денари за одржување на постојните лозови насади, 2,9 милиони денари за нови лозови насади, како и 84 милиони денари за тутун за реколтата 2011. За одржување на овошните насади се исплатени 15 милиони денари, како и 9,8 милиони денари за нови овошни насади, додека за поддршка на градинарството 13,5 милиони денари. Исто така, исплатени се субвенции за одгледување ориз, сончоглед, пченка и фуражни култури, за кравјо млеко, обележани грла говеда и пчели“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.



Share

Додади коментар