Иплатени субвенциите за лозарите
16-02-2015 РЕГИОН
Министерството за финансии информира дека денеска 13.767 лозари добија 396 милиони денари и со тоа се завршени обврските за субвенции по оваа мерка.
На лозарите им се исплатени по 40.000 денари по хектар за одржување лозови насади. Најголема исплата има во Кавадарци со 4615 корисници на кои им се исплатени субвенции од 161 милион денари. Втор на листата е град Неготино со 3000 корисници, на кои им се исплатени 114,5 милиони денари, а на трето место е Гевгелија. Субвенции добија и лозарите од Валандово, Струмица, Штип, Свети Николе, Велес и Радовиш.

Додади коментар