Инфраструктурно се уредува просторот околу модуларниот паркинг
18-04-2016 РЕГИОН

Се средија пристапните скали кои водат од улицата „1 мај“ над паркот на револуцијатакон модуларниот паркинг на улицата „Благој Крстиќ“.Сега граѓаните кои живеат во тој дел на Кавадарци ќе можат побезбедно да се движат.

 Денеска градоначалникот Александар Панов беше на увид на градежните активности и нагласи дека е задоволен од сработеното.

„ Ветив  дека во наредниот период по оплеменување на паркот на револуцијата ќе направиме добра комуникација помеѓуи паркот, кејот на реката до градскиот центар и среќен сум тоа што го дадовме како ветување,  го реализираме“ рече Панов.

Тој информираше дека проектот е проширен за разлика од првичната проекција и ќе чини  над 10 илјади евра. Парите се обезбедени од општинскиот буџет.

„Единствено што ни остана е по четврти пат да ја ставиме катната гаража во фуникција и да го воведиме тој долго очекуван проект за паркирање.“ додаде Панов.

Со овој зафат, вели градоначалникот ,  ќе се врши одводнување со армирано бетонска канавка, како и подобрување на безбедноста и комуникацијата на пешаците.

Во склоп на овој проект е и поставувањето  на бекатон коцки над западниот потпорен ѕид на модлуларниот паркинг, на што работеа денеска градежните работници

 

А.Д



Share

Додади коментар