Интензивно се работи на реконструкција на Северен булевар во Кавадарци
22-05-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци преку ангажираната фирма во континуитет ги изведува градежните работи за реконструкција на Северен булевар.
Се работи на повеќе позиции паралелно. Во горниот дел на улицата од западната страна се поставуваат рабници и се оформува контурата на улицата. на делот кај Општа болница, се поставува системот за дренажа, а цевки за дренажа се поставуваа и на делот кај мостот на реката Луда Мара - информираат од локалната самоуправа.


Екипа е ангажирана и на вадење на павер елементите од тротоарот кај спојот со улицата „Ѓорѓи Соколов“ од каде ќе се започне со подигање на нивото на улицата за да се нивелира коловозот на местата каде претходно се собираше вода по обилните дождови.
Со реконструкцијата ќе следи и поставување атмосферска канализација со што повеќе нема да има проблеми со собирање на дождовницата и правење проблеми во сообраќајот.

 

ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ И НА ПРОЕКТОТ ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦИ ВО КАВАДАРЦИ

Проектот од програмата МСИП, за ревитализација на главните улици во градот продолжува. Вчера ангажираната оператива на изведувачот „Бетон“, започна со поставување на завршниот (фин) слој асвалт на улицата „Пано Мударов“.

 


Се работеше на делницата од спојот со улицата „Гоце Делчев“ до триаголникот спроти старата црква, односно на кракот кој минува покрај Противпожарниот Дом.


По завршувањето на овој крак ќе уследи поставување на завршен асвалт на останатиот дел од улицата, а паралелно ќе се изврши и означување на хоризонталната патна сигнализација на пешачките премини, местата за паркинг од зонското паркирање, како и на линиите од патната сигнализација.



Share

Додади коментар