Интензивно се работи на изгрдба на улици во Кавадарци
20-06-2018 РЕГИОН

 

 

Од прес службата на општина Кавадарци информираат за повеќе активности кои се во насока на реновирање на улиците... 

 

 

НОВА УЛИЦА ВО СЕЛОТО МАРЕНА

 

Општината Кавадарци започна со реализација на комунален проект за изградба на улица во селото Марена. Се работи за урбанизирање на земјена улица лоцирана на излезот од село Марена веднаш до локалниот асфалтен пат за селото Сопот.

Во овцаа фаза се изведуваат земјените работи, по што ќе следи тампонирање на вкупна површина од 525м2 од новата улицва.

Во завршната фаза истата ќе се асфалтира и спои со локалниот пат кон село Сопот. Со раелизацијата на оваа улица повеќето куќи кои гравитираат во овој дел од Марена повеќе нема да се движат по пепел и кал кон своите домови.

 

 

 

 

ГРЕБЕЊЕ НА СТАР АСФАЛТ НА УЛИЦАТА „ЈОВАН ПЛАНИНСКИ“

 

 

 

Работите стартуваа со гребењето на старата и дотраена aсфалтна подлога на улицата „Јован Планински“. Овде треба да се отстранат 1.700м2 оштетен асфалт, по што ќе следува поставување на нова асфалтна маса во должина од околу 300 метри.

Овој зафат ќе ја чини општината 1.813.000 денари, а парите се обезбедени од буџетот од сметката за комунална изградба.

 




 

НОВ СПОЈ НА УЛИЦАТА „ЖЕЛКОВ ДОЛ“ СО УЛИЦА „ФУШТАНИ“

 


 

Општина Кавадарци го реализира проектот за изградба на спој на улицата „Желков дол“ со улицата „Фуштани“. Се работи за крак од улицата со површина од 605 метри квадратни, кој во оваа фаза на изградбата е пробиен со завршени земјани работи и тампониран.

Со реализацијата на овој проект се пробива поширока и побезбедна делница на спојот од споменатите улици.

За оваа намена општината ќе потроши 1.155.000 денари, средства од сметката за комунална изградба од општинскиот буџет.



Share

Додади коментар