Интензивно се работи на изградбата на Западен булевар на спојот со „Ресавска“
02-07-2020 РЕГИОН

Со засилен интензитет се работи на проектот за изградба на Западен булевар спој со ул.Ресавска. Денес, ангажираната фирма, на еден дел од Западен булевар, врши асфалтирање со носечки слој со дебелина од 7 сантиметри на површина од 2500 метри квадратни - информираат од локалната самоуправа.

 

По завршувањето на оваа фаза , односно во недела , ќе се изврши и втората фаза од асфалтирањето, втор слој од АБ16 со дебелина од 5 сантиметри. Овој проект е веќе со години баран од жителите на овој дел од градот и ќе биде од големо значење за Општина Кавадарци. Проектот е со финансиска вредност од 16 440 158 денари.



Share

Додади коментар