Се известуваат жителите на Општина Кавадарци дека инспекторите заедно со Мој општинар, вршат интензивни контроли на терен во делот на наносите од кал на сообраќајниците во нашата општина.
Според Законот за јавна чистота, на сообраќајниците , не смеат да се вклучуваат возила со нечисти тркала.
Овие денови се тампонираат сите периферни патишта кои се потенцијални места од кои може да биде наносена кал на сообраќајниците.
Инспекторите започнаа да ги задолжуваат сите сопственици на плацеви, истите да ги тампонираат, поплочат или асфалтираат.
Земјоделската механизација исто така треба да биде исчистена пред да се вклучи на главните сообраќајници.
Доколку , од страна на инспекторот, биде забележана неправилност во овој дел, тој ќе постапи согласно Законот за јавна чистота, со записник и парична казна.
Ова нека биде воедно и апел, сите заедно да се вклучиме во акцијата За чисто и убаво Кавадарци - се вели во известувањето од општина Кавадарци.
Во таа насока, општината во соработка со ЈП Комуналец и ЈА-МИ ги тампонираат периферните патишта како превенција за помало загадување на сообраќајниците.
Додади коментар