Интензивната комунална изградба продолжува во Кавадарци
24-10-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Пирамид билдинг“ од Скопје продолжи со реализација на проектот за партерно уредување на „Паркот на револуцијата“ спроти полицијата.


Согласно проектот преостанува да се реновира површина од 300 метри квадратни која опфаќа патеки во ниското плато на паркот кон ул. „Браќа Џунови“. Целокупната површина ќе се уреди со бехатон коцки, за кои најпрвин се поставија рабници и тампон.
Претходно општината изврши поплочување на пристапните скали од ул. „7ми Септември“, како и санирање на скалникот кон фонтаната и бистите на паднатите борци на горното плато, а се изведе и поплочување на патеката од скалите до спојот со ул. „Борис Кидрич“ на ниското плато.


Со овој проект општината ќе ги ревитализира сите пристапи патеки во паркот каде значаен број граѓани минуваат дел од слободното време.

 

Општина Кавадарци реализира проект за изградба на кружен тек на спојот на булеварот „Никола Минчев“ со булеварот „Цветан Димов“.

Со ова ново сообраќајно решение општината решава уште едно тесно сообраќајно грло на две значајни прометни сообраќајници. Новиот кружен тек комуникацијата и протокот на возилата од центарот кон зградата на УЈП и Граничната полиција, кон Црквата Св.„Петка“ и „Северен булевар“ ќе ја направи побрза и многу побезбедна.

 

Градежната оператива на фирмата „РМК градба“ од Скопје, деновиве работи на поплочување на крак од ул. „Клинска“ над „Калнички дол“


Општината овде интервенира со поставување на бехатон коцки, а претходно се изврши нивелирање и тампонирање.
Проектот е во рамките на комуналната изградба за поплочување на улици во Урбаните заедници, а истиот се реализира на барање на жителите од овој дел на градот.


По изградбата на овој седми по ред кружен тек во Кавадарци општината ќе ја зголеми безбедноста и пропустната моќ на главните улици во новиот центар.



Share

Додади коментар