На денешната редовна прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска- Грашкоска, ги презентираше податоците од спроведените контроли на инспекциските служби во периодот од 9 до 15 ноември. Во овој период Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 4.822 контроли, од кои 1.754 се надзори.
Притоа, Државниот здравствен и санитарен инспекторат во посочениот период изврши 80 надзори, врз основа на кои изрече 6 решенија. Притоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 13.676 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19.
Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.068 контроли и 619 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна, Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето и др. При контролите на ДПИ, е констатирано дека два угостителски објекти ги прекршиле здравствените протоколи, при што на истите на лице место им е изречена мерка за привремено затворање на објектите.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат во периодот од 9 до 15 ноември изврши 80 надзори, врз основа на кои изрече 6 решенија. Притоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 13.676 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19.
Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.068 контроли и 619 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна, Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето и др. При контролите, изречени се 31 прекршочна пријава од кои 2 прекршочни пријави се поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Овие 2 прекршочни пријави се поднесени против еден угостителски објект во Гостивар во кој не се почитувало работното време и против еден угостителски објект во Охрид во кој не се почитувало ограничувањето за 4 лица на една маса. И во двата случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Освен ова, ДПИ во посочениот период издаде и уште 62 решенија и 38 прекршочни платни налози за прекршување на материјалните закони.

Додади коментар