Нелегален откупувач на грозје попладнево отркија инспекторите на Државниот инспекторат за земјоделство при конторола на откупните пунктови и винарски визби во Кавадарци.
Странски државјанин купувал трпезно грозје од лозари од Кавадарци и грозјето им го плаќал веднаш, во кеш. Бидејќи биле прекршени законските прописи грозјето од дибвиот откупувач е одземено со асистенција на полицијата.
Директорот на инспекторатот за земјоделство, Румен Стаменов рече дека инспекторите додека трае откупот на грозје ќе работат секој ден и во викенди до 24 часот. Сите лозари кои ќе се соочат со неправилности можеле да ги алармираат инспекторите на бесплатна телефонска линија 0800 11 000 во периодот од 08.30 до 16.30 часот.
„Во текот на оваа недела ДИЗ ги зајакнува контролите во регионите Кавадарци, Неготино, Штип и Лозово, со цел да се увериме дека се почитува она што го договорија лозарите и откупувачите. По прв пат оваа година грозјето се плаќа по шеќерна единица, така да ние како инспектороат стоиме цврсто до договорот кој беше постигнат, за 19 шеќерни единици за вранецот да се плаќа 13 денари, а да се доплаќа за секоја шеќерна единица дополнително по 0,68 денари. Ако грозјето има 22 малигани треба да се плати 15 денари. Тоа јасно кажува дека имаме прогрес во цената и добро е што се започна да се плаќа квалитетот“ - рече Стаменов.
Тој апелираше до визбите да не играле со двони цени, пониски за 1-2 денари доколку лозарите прифатат да им се плати пониска цена само да земат пари за 5-6 дена по откупот. Ќе се санкционирале и ваквите постапки доколку ги имало.
Ангел Данов

Додади коментар