Изминатата недела зголемена бројката на болни од грип во Кавадарци
31-01-2015 РЕГИОН

Од почетокот на сезоната на грип изминатата недела е евидентиран најголем број на заболени од сезонски грип во Кавадарци, информираа денеска од Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Матичните лекари утврдиле присуство на грип кај 31 пациент, со што бројот на заболени од грип сезонава во Кавадарци достигна 93 лица.

„Минатата година во овој период имамвме 770 заболени,  што говори дека годинава сеуште грипот не се шири со голем интензитет. Најмногу заболени, 57,  има на возраст од 15 до 64 години. Потоа се децата на возраст од 5-14 години со 27 заболени, а најмалку погодени од грипот се децата на возраст од 0 до 4 години“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

Во октомври минатата година, кога и започна сезоната на грип биле заболени 4 лица, 12 заболени имало во ноември, 16 во декември. Најголем е бројот на заболени од грип во јануари, вкупно 61 лице.

Според лекарите во наредниот период се очекува и помасовно ширење на грипот.

А.Д



Share

Додади коментар