Изминатата недела евидентирани помалку болни од грип
11-03-2016 РЕГИОН

Во Центарот за јавно здравје Кавадарци се евидентирани помалку заболени од грип изминатава недела.  Матичните лекари пријавиле 121 грипозно лице, ова е далеку помала бројка ако се земе во споредба состојбата од пред неколку недели кога имаше неделно и по околу 300 болни.

 

„Активноста на вирусот се намалува, а со тоа очекуваме во наредниот период да се намалува и бројот на нови заболени лица. Од почетокот на сезоната заклучно со последната недела имаме вкупно 1535 болни од грип. Споредено со истиот период од минатата година, кога сме имале 1012 грипозни,  сега имаме нешто повеќе болни“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

 

Тој нагласува дека и понатаму најмногу болни има на возраст од 15 до 64 години./А.Д



Share

Додади коментар