Значително намалување на бројот на нови заболени од грип и понатаму бележи Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Последната недела овде се евидентирани само 17 нови заболни од грип.
„Пред две недели имавме 32 нови болни. Последната недела бројот на нови заболени се намали на 17. Тоа значи дека грипот значително попушта, ако се земе во предвид дека претходно неделно се пријавуваа од матичните лекари и стотици заболени“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Тој не ја ислучува можноста и во наредниот период да се евидентираат нови случаи на грип, но нагласува дека оваа сезона ширењето на грипот започна две недели порано од вообичаено.
Вкупниот број на заболени од грип оваа сезона во Кавадарци се искачи на 2954 и споредено со лани во Кавадарци грипот се ширеше со епидемиски размери.
A.Д
Додади коментар