Општина Кавадарци ги известува граѓаните за воведувањето на времена промена на режимот на одвивање на сообраќајот на ул „1 Мај“.
Новиот режиме се воведува поради отпочнување на градежните работи за изградба на „Модуларен паркинг“ катна гаража на просторот над улицата.
Улицата ќе биде затворена за сообраќај секој работен ден во периодот од 07.30 до 16.00, и во Сабота од 07.30 до 15.00 часот, во правец од улица„ 7-ми Септември“ кон улица „Браќа Хаџи-Тефови“ и обратно.
Ваквата времена измена на режимот на сообраќај на улицата „1-ви Мај“, ќе биде во сила се до завршувањето на градежните работи.
Исто така се информираат граѓаните кои што живееат на ова улица да не ги паркираат своите возила како би можело непречено да се изведуваат градежните активности.
Додека се извршуваат градежните работи, од страна на изведувачот ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација која учесниците во сообраќајот треба да ја почитуваат.
Додади коментар