Изменет режим на сообраќај за време „Тиквешки гроздобер“
05-09-2019 РЕГИОН

Поради големата организација на Тиквешки Гроздобер потребен е изменет режим на сообраќај пред се за безбедноста на посетителите и учесниците.


Почнувајќи од 05.09.2019 г. ( четврток ) од 6 часот, до 09.09.2019 г. ( понеделник ) до 12 часот се затвараат за сообраќај ул.Мито Хаџи – Василев Јасмин и ул.7ми Септември ( од крстосницата со ул.Пионерска до крстосницата со ул.Блажо Алексов) , ул.Илинденска ( од крстосницата со ул.Цано Поп – Христов и ул.Тиквешко востание до крстосницата со ул.Ресавска), а сообраќајните токови се пренасочуваат по околната улична мрежа, на начин прикажан во графичките прилози. Дополнително, на ул.Ресавска се покриваат сите знаци за едносмерност во време траење на овој времен режим на сообраќај.

 


Исто така подземната гаража под Кит го ќе има забрана за паркирање во истите денови, се молат граѓаните во текот на денешниот ден да ги отстранат возилата од истата.

 


За време на манифестацијата Тиквешки Гроздобер ул.Илинденска целосно ќе има забрана за паркирање на автомобили.
И оваа година да покажеме дека сме добри домаќини.



Share

Додади коментар