Измена во возниот ред на бесплатниот градски автобус
30-05-2013 РЕГИОН

Општина Кавадарци ги информира граѓаните дека се врши измена на возниот ред на бесплатниот градски автобус кој сообраќа на релација Ваташа- Кавадарци-Глишиќ-Марена.

Измената се однесува само на утринскиот термин на поаѓање од првата постојка во Ваташа. Со новиот режим на линијата почетното возење на наведената релација наместо во 7.30 часот како досега, ќе старува во 8.15 часот.

Измената  во режимот на возење на бесплатниот градски звтобус стапува на сила од  3 јуни (понеделник) 2013 година

 Општината информира дека второто возење  од Марена кон Кавадарци ќе се обавува во истиот термин како досега.



Share

Додади коментар