Измамник низ Кавадарци продавал верски календари
24-01-2017 РЕГИОН

Од храмот Свети Димитрија во Кавадарци денеска информираа дека непознат измамник, кој најверојатно не е од овој крај, изминативе денови ги псоетувал домовите на кавадарчани и им продавал верски календари. Тој се претставувал како човек од црквата, а носел и мантија. Календарите ги продавал по цена од сто денари, а доколку немало интерес кај граѓаните, се согласувал и за пониска цена.

 

Од црквата апелираат до граѓаните да бидат внимателни,  бидејќи човекот кој продава верски календари немал благослов од црквата, ниту пак е нивен претставник. Тие случајот го пријавиле во полиција. Велат и граѓаните кои ќе го сретнат продавачот измамник да ја известат полицијата.

 

Старешината на храмот Свети Димитрија, отец Мартин Денески нагласува, дека граѓаните не треба да наседнуваат, бидејќи верски календари отсекогаш се продаваат во црквата, а не и по домовите на граѓаните од некакви нивни претставници.

A.Д



Share

Додади коментар